Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гутереш: Никој не е безбеден, Газа станува „гробница за деца“

Гутереш: Никој не е безбеден, Газа станува „гробница за деца“

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вели дека Газа станува „гробница за деца“. Вели дека никој не е безбеден во Газа

Израелската армија погоди болници, бегалски кампови и објекти на ОН. 

„Копнените операции на израелските одбранбени сили и континуираното бомбардирање погодуваат цивили, болници, бегалски кампови, џамии, цркви и објекти на ОН - вклучително и засолништа“, рече Гутереш. 

Но, вели дека Хамас и другите милитанти користат цивили како жив штит и продолжуваат неселективно да лансираат ракети кон Израел.

Тој рече дека се прават јасни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и повторно апелираше за хуманитарен прекин на огнот, пренесе Скај Њуз.

Министерството за здравство на Газа, предводено од Хамас, објави дека 4.104 деца се убиени во израелските воздушни напади од избувнувањето на војната пред четири недели. Вкупниот број на загинати Палестинци е над 10.000. 

Слично

Поврзани вести