Гутереш апелира за брз развој на вакцина
Само безбедна и ефикасна вакцина ќе го врати светот во нормала, порача денеска Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој се надева дека до крајот на годинава фармацевтските компании ќе успеат да ја развијат вакцината која ќе биде за масовна употреба ширум светот.
Генералниот секретар на ОН апелираше да се забрза развојот на вакцината, нагласувајќи дека мора да биде универзална, со цел да се стави Ковид-19 под контрола. Смета дека само на овој начин ќе се спасат милиони човечки животи, но и огромни финансиски средства.
Слично
