Економија, финансии, бизнис

Контакт

Густ црн чад го прекрил небото над Мариупол: Немилосрдно гранатиран Азовстал-морбидна снимка на Интернет (ВИДЕО)

Густ црн чад го прекрил небото над Мариупол: Немилосрдно гранатиран Азовстал-морбидна снимка на Интернет (ВИДЕО)

Заменик командантот на баталјонот Азов, кој се наоѓа во фабриката, за Си-Ен-Ен потврдил дека чадот на видеото доаѓа од фабриката.

Ново видео објавено на социјалните мрежи покажува голем црн чад во близина на фабриката за челик Азовстал кој се издигнува над градот Мариупол, објави Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека ја лоцира и ја потврди автентичноста на видеото, кое првпат беше објавено од проруски канал на Телеграм. Синоќа.

Видеото покажува голем, црн чад во близина на северната страна на комплексот на фабриката за челик. Според CNN, од видеото не е јасно дали чадот доаѓа од самата фабрика или од околината.

Меѓутоа, заменик-командантот на баталјонот Азов, кој се наоѓа во фабриката, за Си-Ен-Ен потврдил дека чадот на видеото доаѓа од фабриката, која била погодена од руски гранати. Заменик командирот не сакаше да каже кој дел од централата е зафатен.


Вчера портпаролот на Министерството за внатрешни работи на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) објави дека украинската страна го прекршила режимот на прекин на огнот во челичарницата „Азовстал“ и почнала да гранатира од своите позиции на територијата на фабриката.

Тој за руската агенција РИА Новости изјави дека мора да одговорат припадниците на Народната милиција на ДНР.

„Украинската страна почна да го прекршува режимот на прекин на огнот. Тие се плашат од одговорност за нивните злосторства, кои ги прават веќе осум години“, рече соговорникот на агенцијата.

Според известувачот на руската агенција на лице место, недалеку од територијата на фабриката се слушнале истрели и експлозии од гранати. Претходно беше воведен прекин на огнот, поради што неколку стотици цивили успеаја да се евакуираат од територијата околу „Азовстал“ и околните области.


Слично

Поврзани вести