Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гуриев тврди дека Путин ќе нема со што да ја финансира војната

Гуриев тврди дека Путин ќе нема со што да ја финансира војната

Рускиoт економист, Сергеј Гуриев за Ханделсблат вели дека на рускиот претседател Владимир Путин му снемува пари за неговата војна, и дека претстои „невидено лоша ситуација”. 

Гуриев, поранешен главен економист на Источноевропската банка за развој ЕБВР вели дека и покрај високите цени на нафтата, земјата е во рецесија.  Според него, војната и западните санкции ја втурнаа Русија во длабока криза.  Гуриев предвидува „огромен пад на руската економија”. Наместо економски раст од три проценти што се очекува на почетокот на годината, бруто домашниот производ (БДП) најверојатно ќе падне за шест проценти.

„Западот мора да биде многу внимателен да не ги заобиколи санкциите: Доколку санкционираните стоки стигнат до Русија преку Турција или Кина, земјите извознички мора да подлежат на строги казнени мерки“, наведува Гуриев.

Само во јули недостасуваа 900 милијарди рубљи (15,2 милијарди евра), или осум отсто од БДП. ЕУ досега во повеќе наврати воведе санкции. 

Слично

Поврзани вести