Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гугл во паника, Фејсбук оди чекор напред

Гугл во паника, Фејсбук оди чекор напред
Новата апликација „Facebook Home“ за сопствениците на мобилни уреди кои работат под Android е на пат да предизвика големи главоболки за Гугл, прогнозира CNBC. Според коментарите, преку новата апликација социјалната мрежа ќе ги повлече корисниците на мобилни уреди во својаот систем, што сепак значи и дека тие ќе стојат подалеку од услугите на Гугл, како и од протокот на реклами на гигантот. „За Гугл мобилната индустрија се промени вчера", коментира Трип Чоудри, управен директор на „Global Equities Research“. Пораката за новата апликација значи дека мобилната стратегија на Гугл е апсолутно погрешна, смета тој. Креаторите на „Android“ го оставија оперативниот систем отворен и ја дозволија можноста корисниците на нивните уреди да можат да користат различни апликации на други програмери, од кои во суштина се конкуренти на компанијата. Во исто време, на пример Епл одобрува само една апликација за нивните платформи. За Фејбук пак ситуацијата е идеална -  моментов е единствената социјална мрежа која ги нуди своите услуги преку мобилни апликации. Програмата ќе биде понудена корисниците за прв пат на 12 април, заедно со паметните телефони „HTC One“.
Слично

Поврзани вести