Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гугл развива сопствена безжична мрежа!

Гугл развива сопствена безжична мрежа!
Гугл развива балони со кои ќе се пренесуваат сигналите стотици милји далеку, а околу една милијарда луѓе кои се во моментов без интернет на овој начин ќе  добијат безжичен пристап до глобалната мрежа. Гугл планира да се создаде своја сопствена безжична мрежа во пазарите во развој, објави Вол Стрит Журнал. Компанијата веќе ја има разработено безжична технологија која во партнерство со локална компанија, сака да воведе во Југоисточна Азија и супсахарска Африка. Со ова,  луѓето кои во моментов немаат интернет ќе може да го добијат. Гугл сака да ги искористи фреквенциските опсези на подрачјата кои биле резервирани за телевизиски компании. Покрај тоа, тие работа на балони кои од поголема висина ќе вршат пренос на сигнали за стотици квадратни милји. ИТ гигантот дополнително работи и на поевтини телефони со Андроид оперативен систем кои би се продавале на новите пазари.  
Слично

Поврзани вести