Гугл ќе произведува свои автомобили?
Според извештаите во медиумите, американскиот технолошки гигант Гугл развива самостојно свој автомобил во движење, наместо да ја вградува својата технологијата во автомобили на други производители.
Интернет компанијата имала разговори со претстаници на оваа индустрија за создавање автомобили за Google, објави синоќа новинарот за технологија Амир Еуфрат кој до неодамна работеше за Wall Street Journal, а сега води свој блог за технолошкиот сектор.
Google се стреми пред сè да создаде „Robo-такси“ што да може само да качува и разнесува патници до нивната дестинација, пишува Еуфрат. Тоа фрла нова светлина за влегувањето на компанијата во ризичната ионвестиција Google - Google Ventures, со над 250 милиони долари во американскиот Uber, за што беше објавено во петокот.
Договорот за купување на удел за 258 милиони долари во Uber чије најважно апликација е системот за повик на такси ја разоткрива замислата. Брзиот пораст на цената на компанијата се случува во момент во кој во Силиконската долина се поинтересен е транспортниот сектор - почнувајќи од електричните автомобили на Tesla, па се до оваа идеја на Google.
Во однос на плановите за производство на сопствени автомобили Google е разговорал и со германските компании од секторот Continental и Magna, пишува уште Еуфрат.
Слично
