Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гугл ја одбра Шведска-идеална дестинација за избегнување висок данок

Гугл ја одбра Шведска-идеална дестинација за избегнување висок данок

Гугл лани во Шведска остварил приходи од околу 350 милиони евра, но познавачите на состојбите со интернет-рекламите укажуваат дека компанијата, напоредно со високите приходи избегнала да плати доволна сума за данок, односноиздвоила само 1 милион евра.

Гугл доби предупредување од шведскиот министер за финансии Андрес Борг кој посочува дека ако се има многумина вработени и големи приходи, тогаш треба да се плати соодветен данок, дури и ако формално тоа може да се избегне преку максималното даночно планирање. Гугл не сака да ги коментира своите приходи, но потенцира дека компанијата секогаш ги следи и почитува законите и правилата. Поголемиот дел од продажбата на реклами Гугл го извршува преку својата канцеларија во Ирска, каде што даночните стапки се пониски.
Слично

Поврзани вести