Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гугл и Билдерберг групата ќе се спојат?!

Гугл и Билдерберг групата ќе се спојат?!
Групата на највлијателни луѓе во светот Билдерберг, годинешниов состанок ќе го одржи во британски Хертфордшир. Поголем дел од информациите поврзани за оваа група остануваат непознати за јавноста, меѓутоа многумина ја обвинуваат дека преку меѓународните институции во кои учествуваат нејзините членови тајно ја управуваат планетата Земја, пишува Дејли мејл. Западните медиуми пишуваат дека Гугл и Билдерберг групата делат слични погледи, повикувајќи се на анонимни внатрешни извори. Така, идејата за спојување на информатичкиот гигант Гугл со политичката и финансиската елитна група Билдерберг, дава нов замав за спорведување на идејата за глобализација на технолошки поврзаниот свет. На конференцијата на Билдерберг може да се влезе само со покана, а меѓу оние што учествувале на состаноците има кралеви, претседатели, индустриски моќници и лидери на најсилните светски корпорации. Сепак, она по што годинешниот собир се разликува од претходните 60 е фактот што е објавена целосната листа на учесниците. Меѓу другите, покани за учество добиле претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, холандската кралица Беатрикс, премиерите на Италија и на Франција Марио Монти и Франсоа Филон, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт и основачот на Амазон, Џеф Безос.  
Слично

Поврзани вести