ГУГЛ ГИ ПРЕНАСОЧУВА ПРЕБАРУВАЊАТА ЗА БРЕМЕНОСТА И АБОРТУСОТ НА РЕЛИГИОЗНИ СТРАНИЦИ: „Постапуваме законски“, но вклучени се и верници
Технолошкиот
гигант Гугл ги пренасочува жените кои бараат онлајн совети поврзани со
бременоста - во советодавни центри управувани од здруженија против абортус, а
овие реклами многу личат на „случајни резултати од пребарувањето“, пишува
Гардијан.
На пример, ако корисник од Британија напише 40 клучни зборови поврзани со абортусот во Google овој месец, 117 од 251 резултати од пребарувањето водат до реклами за организации против абортусот, покажа студијата на Observer.
Клучните фрази што се користат за пребарувачот Google се, меѓу другото, „совети за абортус на NHS“, „доверлива поддршка за абортус“, „помош за бремени тинејџери“, според Гардијан.
Во некои случаи, овие организации нудат услуги за советување, но не ги кажуваат јасно ставовите на луѓето, борците против абортусот, кои стојат зад овие организации.
Зад организацијата „Помош за кризи поврзани со бременоста“, која често се појавува во резултатите од пребарувањето, делумно стои десничарската евангелистичка организација „Христијанска грижа“, која ја пропагира забраната за абортус, наведува британскиот весник.
Рекламите што „Гугл“ и ги понудил на лицето за кое има информации дека е жена на дваесетина години што живее во Лондон, многу личеле на резултатите од „случајно пребарување“, се додава во текстот, а таквите резултати предизвикале загриженост.
Лабуристичката пратеничка Стела Криси верува дека владата треба да изврши притисок врз технолошките гиганти да ги отстранат потенцијално опасните резултати.
Според неа, постои разлика помеѓу „слободата на говор“ и „обидите да се доведат во заблуда ранливите корисници кои треба да бидат сигурни дека она што го читаат е медицински правилно и непристрасно“.
Сепак, Google објави дека овие реклами „се во согласност со правилата на компанијата и нагласија дека ја имаат ознаката за огласување, така што се е во ред од формална страна“.
