Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гудиар“ затвора фабрика -1.250 вработени на улица

„Гудиар“ затвора фабрика -1.250 вработени на улица

Дирекцијата на „Гудиар“ на денешниот состанок, што се одржува во седиштето на овој американски прозиводител на гуми во Франција во Руел Малмезон, донесе одлука за затворање на фабриката во Амијан, која има 1.250  вработени. Со оваа одлука ќе бидат опфатени вкупни 1.173 работни места од фабриката во Амиан.

Во соопштението „Гудиар“ потсетува дека „затворањето е единствената можна опција по пет години неуспешни преговори“.

Синдикатот СЖТ веднаш повика на штрајк и на собир пред фабриката во Амијан на 12 февруари, кога на идниот состанок на Комитетот на претпријатието ќе биде претставен планот за затворање на фабриката.

Фабриката во Амијан, според „Гудиар“, во 2011 година остварила загуба од 61 милион евра.

Слично

Поврзани вести