Грушко изјави дека Москва ќе одговори доколку НАТО ги доближи нуклеарните сили до границата
Русија ќе преземе мерки ако НАТО се доближи до нејзините граници.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Москва ќе одговори доколку НАТО ги доближи нуклеарните сили поблиску до руската граница.
Кажа дека Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска и не гледа „вистински“ причини за тие две земји да се приклучат на НАТО алијансата. Тој ја повтори претходната изјава на Кремљ дека одговорот на Москва на можното проширување на НАТО ќе зависи од тоа колку блиску алијансата ќе ги придвижи воените средства кон Русија и каква инфраструктура ќе распореди.
Финскиот претседател Саули Ниинисто преку телефонски разговор го информираше рускиот лидер Владимир Путин дека неговата нордиска земја планира да аплицира за членство во НАТО, потег за кој Путин го предупреди дека ќе биде грешка што може да ги загрози соседските односи на двете нации.
Фото EPA/OLIVIER HOSLET
