Економија, финансии, бизнис

Контакт

Групата на „Србин“ го убила украинскиот војник?

Групата на „Србин“ го убила украинскиот војник?

Мајкл Колборн, член на влијателната истражувачка медиумска група „Белингкат“, во својата објава на Твитер вели дека неонацистичката единица „Русич“ која се бори како дел од платеничката група „Вагнер“ во Украина, била меѓу оние кои го споделија видеото од егзекуцијата на заробениот украински војник Тимофиј Шадура. 

Коосновач и командант на оваа група во рамките на „Вагнер“ е Алексеј Милчаков, 31-годишник со прекар „Србин“. Тој е осомничен за воени злосторства и е санкциониран од САД, ЕУ, Велика Британија, Канада и други земји од 2022 година. Поврзан со злосторства во Сирија и Украина. На социјалните мрежи кружи фотографија од него со тетоважа на подлактицата „Косово е Србија“, пренесува Klix.ba.

За прв пат во јавноста се појави во 2011 година кога се сними како мачи и обезглавува кученце. Потоа ја објави таа снимка на Интернет. На својата страница VK (руска социјална мрежа) тој повика на убивање бездомници, кученца и деца.

Отворено се фалеше дека фотографирал тела на осакатени и изгорени Украинци, а познат е и по тоа што им ги сече ушите на украинските трупови и им резбаше кукасти крстови на лицата. Пред да замине да се бори во Донбас во 2014 година, Милчаков на својата ВК страница објави содржина со која го слави Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Страшното видео од егзекуцијата на украинскиот војник, чии последни зборови беа „Слава на Украина“, се појави вчера. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ги најдат убијците.

Слично

Поврзани вести