Групата Г8 во рацете на Велика Британија
Од денеска Велика Британија го презема едногодишниот мандат со претседавање на Групата Г8, која ја сочинуваат најбогатите осум земји на светот.
Членката која претседава има задолжение да биде домаќин на самитот на лидерите и да ги одбере темите на кои ќе се дискутира.
Следниот самит на Г8 ќе биде одржан во јуни во Северна Ирска.
Групата Г8 ја сочинуваат Франција, САД, Русија, Јапонија, Германија, Италија, Канада и Велика Британија.
Слично
