Група од 25 луѓе му подготвувала атентат на Зеленски, уапсени се
Украина спречи уште еден обид за атентат на претседателот Володимир Зеленски, а уапсена е група од 25 обучени убијци.
Германски „Билд“,објави дека групата е уапсена на границата со Словачка. Ова го тврдат и властите во Киев. Ужгород се граничи со соседна Словачка и се наоѓа на само неколку километри подалеку од границата на Украина со Унгарија.
Извори од киевското контраразузнавање изјавија за новинската агенција Униан дека луѓето ги придружувал агент на руската тајна служба.
Тие, наводно, имале наредби да го убијат Зеленски и да се инфилтрираат во други елементи на украинската влада.
Досега имаше повеќе од десетина одделни обиди за убиство на Зеленски откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 минатиот месец.
