Грците гласаат, Сириза води
Левичарската партија Сириза, води со 32 отсто од вкупниот број на гласови на вонредните парламентарни ибори, кои денес се одржуваат во Грција, покажа последната анкета.
Најголемиот противник на Сириза, конзервативната Нова Демократија, е втора со поддршка од 29,6 отсто од гласовите.
Гласачките места се отворија изутринава во 7 часот по локално време, а ќе се затворат во 19 часот.
Првите официјални бројки од Министерството за внатрешни работи може да се очекуваат околу 21 до 21 и 30 часот по локално време.
На овие избори е важно да се види колкав процент од малите партии ќе влезат во парламентот. Таа бројка е клучна затоа што има големи шанси да има потреба да се формира владина коалиција што ќе ја води Грција, бидејќи сите бројки покаќуваат дека ниедна партија нема апсолутно мнозинство. По шест години, ова се први избори на кои е нејасно која партија би можела да победи и со кого да формира коалиција.
Оној што ќе победи на изборите ќе треба да ги разгледа помалите партии и да одлучи со кого би можел да стапи во коалиција.
Слично
