Грција, Шпанија, Италија и Франција во „јужен фронт”
Лидерите на Европската унија се обединуваат во „јужен фронт" за да одговорат на кризата која ја зафати Европа, пишува британскиот весник The Daily Express.
По повеќе од 18 месеци од миграциската криза, која врши притисок на шенгенските граници и направи хаос во земјите кои се прашуваат како да ја контролираат, сега финансиските проблеми се продлабочуваат - особено во Грција.
Поради оваа причина владејачките партии во Атина се обидуваат да поттикнат средба на јужните европски лидери, која ќе се одржи во грчката престолнина на 9 септември. Поканата за неа веќе беше прифатена од францускиот претседател, Франсоа Оланд.
Целта на средбата е да биде формиран „јужен фронт" за спротивставување на двата главни проблеми во ЕУ.
Покрај Оланд, на неа се поканети да присуствуваат уште лидерите на Шпанија, Португалија, Кипар и Малта. Италијанскиот премиер, Матео Рензо исто пројавил интерес за идејата.
Според грчките медиуми конференцијата е насочена кон создавање на силна јужна „оска", за да се спротивстави на влијанието на земјите во Северна Европа.
