Грција планира 2 милијарди евра од даноци на влоговите во странство
2 милијарди евра планира да собере грчкото министерство за финансии преку даноци од сопствениците на влогови во странство, објавија грчките медиуми.
Медиумите пренесуваат дека министерот Јанис Стурнарас открил дека околу 22.000 даночни обврзници за време на кризата изнеле во странство големи суми, а веќе министерството има пратено до нив известување да се јават во даночната инспекција и да го објаснат потеклото на парите, како и да платат казна во случај на даночен прекршок.
Министерството за финансии соопшти вчера соопшти дека од Франција ја добила „Листата Лагард“ со имињатата на грчките штедачи во швајцарската филијала на меѓународната банка „HSBC“. Оваа листата предизвика вистински скандал во Грција,а новинарот кој ја објави неофицијално оваа листа беше уапсен за прекршување на Законот за заштита на личните податоци.
Слично
