Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција, Хрватска и Италија со најниска вработеност во ЕУ

Грција, Хрватска и Италија со најниска вработеност во ЕУ

Грција, Хрватска и Италија се со најмалку вработени во ЕУ, а на врвот се Шведска и Германија.

Во Шведска работат 80.5% од луѓето до 64 години. Во Хрватска стапката на вработеност е 60.5%, исто како и Италија, а полоша е Грција со 54.9% вработеност. Во групата на земји со ниска стапка на вработеност е и Шпанија со 62%, Романија 66%, Бугарија 67.1%, Белгија 67.2%, и Словачка 67.7%.

Високо котираат Германија со 78% вработеност, Велика Британија 76.9%, Данска и Естонија со 76.5%.  Во Холандија вработеноста на населението  е 76.4%, Чешка 74.8%, Австрија 74.3%, Литванија 73.4%, Финска 72.9%, и Латвија 72.5%.

Челниците на ЕУ кажаа дека во наредните години ќе воведат мерки за намалување на невработеноста, при што посебен акцент ќе биде ставен на луѓето кои се во неповолна положба.

Слично

Поврзани вести