Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОЗОМОРНИ ДЕТАЛИ – КАКО Е УБИЕНО ДЕВОЈЧЕТО ЛОЛА: Рацете, стапалата и устата и биле обвиткани со селотејп

ГРОЗОМОРНИ ДЕТАЛИ – КАКО Е УБИЕНО ДЕВОЈЧЕТО ЛОЛА: Рацете, стапалата и устата и биле обвиткани со селотејп

Морничави детали за убиството на девојка во Париз: Камерите снимија жена како ја следи во лифтот, во подрумот пронајдени скалпел и селотејп...

Полицијата соопшти дека во подрумот на зградата во која живеела Лола пронашла скалпел и селотејп и дека случајот се води како убиство.

Француската полиција го истражува убиството на 12-годишното девојче Лола, кое во петокот вечерта беше пронајдено мртво во пластичен куфер недалеку од нејзиниот дом во Париз.

Телото на девојчето било пронајдено неколку часа откако родителите пријавиле дека исчезнала. Рацете, стапалата и устата и биле обвиткани со селотејп трака, а имала и неколку исеченици на вратот, јавува Слободна Далмација.

Медиумите јавуваат дека на телото на девојчето биле изгравирани броевите 0 и 1. Според информациите, бројките не биле нанесени со боја или со нож, туку со некаков уред.

Обдукцијата, која беше објавена во саботата, покажа дека девојчето починало како последица на задушување.

Безбедносните камери на зградата во која живеело девојчето покажуваат дека 12-годишното девојче, кое било облечено во бели панталони и светла маичка, влегло во зградата со училишен ранец на грбот. Зад неа одела жена, за која очевидците тврдат дека подоцна ја напуштила зградата со куфер во рацете.

ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести