ГРОЗОМОРЕН ЧИН ВО АВГАНИСТАН: Бремена полицајка е убиена во својот дом
Бремена полицајка e убиена пред семејството во Авганистан, а Талибанците негираат дека го наредиле убиството.
Жената е убиена во својот дом, пред очите на семејството во градот Фирозох, главниот град на провинцијата Гор. Роднините за медиумите покажале грозни сцени од крв што се наоѓале на ѕидот во аголот на собата и нејзиното тело, а нејзиното лице било изобличено. Талибанците велат дека ја истражуваат нејзината смрт и дека тие не стојат зад убиството. Портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид, изјави дека тие „биле свесни за инцидентот“ и тврди дека не ја убиле полицајката. Тој кажа дека Талибанците веќе ги амнестирале оние што работеле за претходната администрација и дека убиството на полицајката е „некакво лично непријателство или нешто друго“. Семејството рекло дека Бану Негар работела во локалниот затвор.
