Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОЗМОРНО УБИСТВО ВО ПАРИЗ: Жена со алжирско потекло ја мачела, силувала и убила Лола

ГРОЗМОРНО УБИСТВО ВО ПАРИЗ: Жена со алжирско потекло ја мачела, силувала и убила Лола

Грозоморно убиство на мало девојче го потресе Париз. Бездомничка со психички проблеми од алжирско потекло Дабија Б. (24) го намалила девојчето  Лола Давие (12) во подрумот. Бездомничката ја мачела Лола со часови, ја силувала,  ја убила и ја спакувала во куфер. 

Дабија е уапсена во Париз. На градите на девојчето ги напишала броевите 1 и 0, по што телото го спакувала во куфер и го оставила во дворот во близина на зградата во која живеела. Во петокот вечерта,  бездомник пријавил во полиција дека пронашол тело на малолетничка. Врз основа на снимките од безбедносните камери од зградата во која живеела Лола, инспекторите утврдиле дека девојчето тоа утро е киднапирано. 

Осомничената бездомничка нема криминално досие и била жртва на семејно насилство во 2018 година. Полицијата во подрумот пронашла траги од насилство, селотејп и скалпел. Родителите на Лола се професионални чувари на повеќе згради во северен Париз, вклучувајќи ја и онаа во која живеат.

Слично

Поврзани вести