Економија, финансии, бизнис

Контакт

Groupama го продаде својот 6,9 – процентен удел во компанијата Eiffage

Groupama го продаде својот 6,9 – процентен удел во компанијата Eiffage
Француската осигурителна компанија Groupama го продала својот 6,9 – процентен удел во компанијата Eiffage и се здобила со околу 250 милиони евра, информира Reuters. Groupama продала 6 милиони акции на Eiffage на институционалните инвеститори, соопштија од осигурителната компанија. Овој потег доаѓа откако Groupama минатиот месец го продаде својот удел во Societe Generale и се очекува да помогне на осигурувачот да “ја зголеми својата финансиска слобода и да ја намали својата изложеност на пазарните ризици”. Акциите на Eiffage поскапеле за речиси 30 % од почетокот на годината, откако нивната цена скокнала за 79% во 2012 година.  
Слично

Поврзани вести