Гроси: Постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во објектот Нетанц
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ) денес изјави дека по израелските напади врз иранските нуклеарни постројки постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во главната фабрика за збогатување ураниум во Натанц, иако нивоата на зрачење надвор од комплексот во моментов се нормални.
Гроси зборуваше на вонредниот состанок на одборот на МААЕ во Виена, кој беше свикан на барање на Русија за да се разговара за израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
„Радијацијата претставува значителна опасност ако ураниумот се вдишува или проголтува“, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, според АП.
фото: EPA-EFE/ALEX HALADA
Слично
