Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грос: Надуените пазари на светските економии го зголемуваат ризикот за глобалната економија

Грос: Надуените пазари на светските економии го зголемуваат ризикот за глобалната економија
Монетарната политика на централните банки во светот ја изложува глобалната економија на пазарите на капитал на ризик , смета Бил Грос , шеф на најголемиот облигационен фонд Pimco . Лесните пари од централните банки , меѓу кои ФЕД и јапонската централна банка , доведоа до вештачко зголемување на цените на сите класи на имот , истакна Грос . " Светските економии и нивните надуени пазари го зголемуваат ризикот " , коментира Грос во писмо до своите клиенти. "Дали не се играат истите опасни игри , кои зависат од континуираната политика на поевтино финансирање и вештачки ниски каматни нивоа , во очајнички обиди да се иницира раст ", прашува уште Грос. Коментарите на Грос се поврзани со политиката на ФЕД , европската и англиската централна банка , како и јапонската централна банка . ФЕД продолжува да купува средства во износ од 85 милијарди долари месечно , во напорите да се стабилизира растот на американската економија . Во голема мера, токму купувањето на обврзници од ФЕД и налевање на ликвидност го иницира зголемувањето на индексот S & P 500 до нов рекорд и неговиот раст од 26% од почетокот на годината . За време на " црниот петок", Грос на социјалните мрежи  напиша: "Треба да го наречеме зелениот петок. Внимавајте сепак од црвените вредности следната година . Сите пазари се балонизирани " . Инвеститорите би требало да очекуваат стабилна монетарна политика барем до 2016 година и да се фокусираат на тековни средства. " Очекувајте стабилни каматни стапки барем до 2016 година. Не се борете со централните банки , но плашете се ", додава Грос .
Слично

Поврзани вести