Економија, финансии, бизнис

Контакт

Громови за 24 часа убија најмалку 38 луѓе во Индија

Громови за 24 часа убија најмалку 38 луѓе во Индија

Од громови за 24 часа загинаа најмалку 38 луѓе во Индија. 

Во западната држава Раџастан 11 луѓе загинаа од удар на гром во древната тврдина Амбер.  Некои од жртвите снимале селфи на врвот на кулата на тврдината кога доцна синоќа ги удрил гром. Уште најмалку 9 луѓе загинаа, а 20 се повредени во одвоени удари на громови. Во Утар Прадеш загинаа 18 луѓе, главно земјоделски работници кои работеле во полето, соопшти владин претставник. Индиската метеоролошка служба предупреди на удари на громови во наредните два дена.

Ударите на гром се вообичаени во монсунската сезона во Индија, која трае од јуни до септември. Повеќе од 2.900 луѓе загинаа од гром во Индија во 2019 година. Лани при удар на гром загинаа 83 луѓе. Во 2016 година за два дена загинаа 67 луѓе од удари на гром. 

Слично

Поврзани вести