„ГРОМ ТРГНУВА НА УКРАИНА": Еве што нареди Путин
Рускиот претседател Владимир Путин ја префрли специјалната единица Гром на Министерството за внатрешни работи во надлежност на Националната гарда на Русија.
Овој потег треба да овозможи префрлање на специјалните сили од единицата Гром на првите линии во Украина, изјави Александар Хинштајн, пратеник во рускиот парламент од партијата на Путин, Единствена Русија.
Рускиот претседател одлучи да го повлече чкрапалото само неколку недели по средбата со раководството и персоналот на Министерството за одбрана, Руската национална гарда, ФСБ и Министерството за внатрешни работи и по обидот за државен удар на група платеници Вагнер.
Слично
