Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гривната замина во историја – Крим наплаќа во рубљи

Гривната замина во историја – Крим наплаќа во рубљи
Анексираниот Крим од денеска започна со користење на рубљата како своја валута. Во продавниците веќе ги нема цените во две валути и сите плаќања отсега ќе се извршуваат во рубљи, додека украинската гривна добива статус на странска валута, соопшти ИТАР-ТАСС. Руската рубља беше прогласена за официјална валута во Крим на 21 март. Ова како резултат на вклучувањето на Крим во составот на Руската Федерација. Иако беше предвидено во рок од 1,5 година, до 1 јануари 2016 година, на Полуостровот да функционираат две валути, украинската и руската, сепак овој рок се скрати.
Слично

Поврзани вести