Грета Тунберг ги искоментира катастрофалните поплави кои ја зафатија Европа
По поплавите во Германија и Белгија, младата активистка за заштита на природата, Грета Тунберг, предупреди дека сè што се случува не е „новото нормално“.
Таа вели дека климатската криза нема да може да се спречи, „доколку не се справиме со проблемот со климатските промени“.
„Смртоносна топлина, поплави, невреме, шумски пожари, суши... ова не е „новото нормално“, напиша таа на Фејсбук.
Тунберг предупреди дека ова е почетокот на климатските промени и екстремните временски услови ќе бидат сè почеста појава.
„По неодамнешните катастрофални случки, особено во Западна Европа, се чини дека сите зборуваат за вонредни климатски ситуации. Но, пред да се завршат овие трагедии, најверојатно ќе го заборавиме тоа и ќе продолжиме како порано“, додава активистката.
Невремето сега стигна и во Киев, каде улиците и метрото се поплавени.Во поплавите кои ги погодија деловите на Западна Европа починаа најмалку 189 луѓе, а стотина се водат како исчезнати.
