ГРЕШКАТА НА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН Ѝ ЈА ДОНЕСЕ ПОБЕДА НА МЕЛОНИ: Коментира екс премиерот Матео Ренци
Поранешниот италијански премиер Матео Ренци во интервју за
Си-Ен-Ен изјави дека не очекува промена во политиката на новата италијанска
влада во однос на Украина или Европската унија, но дека е прилично загрижен за
тоа како новата Влада предводена од Џорџа Мелони ќе ја води економска политика во Италија.
Ренци, исто така, истакнува дека клучна улога во победата на Мелони имала претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која на само неколку дена пред парламентарните избори се вклучи во внатрешната политика на Италија и им донесе победа на Мелони и нејзината коалиција со непромислени коментари.
„Тоа не е кривично дело, туку е грешка“, вели поранешниот премиер.
Слично
