Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЕШКА ИЛИ НЕ: Руска амбасада објави мапа на која Крим е дел од Украина

ГРЕШКА ИЛИ НЕ: Руска амбасада објави мапа на која Крим е дел од Украина

Амбасадата на Русија во Шведска објави карта на која Крим е дел од Украина.

Крим кој го окупираа пред скоро десет години е означен како украинска територија. 

Заменичката на украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба, Емине Џепар, изјави дека „Русија знае дека ќе биде исфрлена од полуостровот“.

„Сè што е нелегално е кревко. Крим беше и ќе биде украински“, напиша таа.

Москва во 2014 година незаконски го анектираше Крим, а потоа спроведе лажен референдум за анексија, како што спроведе во окупираните региони на Украина по минатогодишната инвазија.

Украина не отстапува од Крим и во неколку наврати рекоа дека ќе настојуваат да си го вратат, односно да ги вртат границите од 1991 година. 

Слично

Поврзани вести