Гренобл – технолошкиот центар за кој малкумина слушнале
Францускиот град Гренобл е дом на помалку од 160 000 луѓе . Местото е повеќе од убаво , опкружено со планини и снежни пејсажи . Естетиката на градот ја претворила транспортната инфраструктура во мал проблем , но она што може да се кажеме е дека ова место е нарекувано уште и главниот град на Алпите ?
Освен што располага со природни убавини и нуди прекрасни можности за скијање , Гренобл може да се пофали со Технолошкиот институт , кој има светска репутација . Тој е релативно блиску до Женевскиот универзитет , а меѓу двете институции постојано тече поток од талентирани студенти. Во европски контекст Гренобл е своевиден пионер , објави Mashable .
Многу пред градови како Лондон , Берлин и Москва , па дури и Париз , да го пресретнат моделот на Силиконската долина и да се дефинираат како центри на млади претприемачи, овој град го стори тоа. Покрај тоа , градот е познат и со своето искуство во микро - и нанотехнологијата . Претпријатија основани оведе се STMicroelectronics и NXP Semiconductors. Причината за доаѓање на слични компании се должи делумно на INRIA - институција финансирана од владата да се занимаваат со наука и технологија . Таа располага со осум истражувачки центри расфрлани низ цела Франција и со буџет од 264 милиони евра . Центарот INRIA Grenoble - Rhône-Alpes располага со 34 истражувачки тимот и 250 постдипломци . 45% од нив доаѓаат од странство.
Од 1998 година организацијата создава повеќе од 20 стартап компании во идустрии од управување на сообраќајот на патиштата , до 3D кино и комуникациски структури.
Истражувачката организација Minatec исто така, поддржува развојот на микро - и нанотехнологијата уште од 2006 година. Нејзин коосновач е Технолошкиот институт во Гренобл и CEA- LETI , организацијата основана од соработката на Француската атомска енергетска комисија и Истражувачкиот институт LETI .
Други компании како France Telecom , CapGemini , Freescale и Xerox исто вработуваат значителен број од жителите на градот .
„Пред 20 години почнавме да создаваме мрежа со научната заедница во цела Европа и во регионот на Алпите, сместена во Гренобл - место познато по своето високо образование и истражување " , тврди Моника Белтраменти , потпретседател и директор на истражувачкиот центар на Xerox во Европа . Според неа две децении подоцна возбудата продолжува да се чувствува.
Во Гренобл има заедница од 38 500 луѓе кои се ангажирани со науката . Акцентот паѓа на образованието , истражувањето и индустријата , а тоа е доволно за да привлече старт ап компаниите кои бараат каде да се населат .
Претходно оваа година компанијата Bonitasoft , која се занимава со следење на бизнис процесите , собра 13 милиони долари од голем број инвеститори , за да може експанзијата да продолжи .
Примамливиот Париз не е заборавен, но Гренобл се смета за место што спокојно може да биде дом на компанија од рангот на IBM или Microsoft . Општо земено градот е погоден за оние кои сакаат да работат за големи компании или сами да создаваат такви .
Слично
