Гренланд се поблиску до независност
Ројтерс предвидува дека владата која ќе го освои мандатот во вторник на изборите во Гренландќе мора да се одлучи дали ќе се одалечи од Данска и ќе ги зајакне односите со други држави, вклучувајќи ја Кина.
На Гренланд се надеваат дека порастот на цената на добрата и услугите ќе ги привлече странските компании и ќе го забрзаат економскиот раст, за да може, како што наведува Ројтерс, да се оствари долгоочекуваната цел – независност од Данска.
Додека топењето на мразот го проширува просторот за приод на Арктикот, инвеститори од Кина и Канада се се позаинтересирани за изборите на Гренланд закажани за следната недела.
Откако Гренланд оствари високо ниво на автономија од Данска во 2009 година, власта се надеваше дека ќе дојде до „рударски бум“, меѓутоа законските ограничувања и падот на цената на услугите и добрата ги сруши нивните планови.
Економијата во отсуство на „рударскиот бум“ се потпре на рибарење и на донации од Данска, а со оглед на тоа дека оваа година би можел да почне со работа рудник за рубини и сафири, кој го води норвешката „ЛНС група“, агенцијата наведува дека населението повторно се надева на големи инвестиции.
Главните играчи на политичката сцена на Гренланд се социјалдемократската Сјумит партија на премиерот Ким Киелсен и левичарската, инуитска, Атакатгит партија на Сара Олсвиг.
Според последните анкети, најизвесен резултат на изборите е дека овие две партии ќе останат во коалиција.
