Греењето на дрва и дизел возилата се закана за европската околина
Загадувањето на воздухот е на опасно високо ниво ширум Европа и резултира со предвремена смрт, болести и големи економски загуби поврзани со намалувањето на приходите, објави денеска европската агенција за околина.
Додека концентрацијата на некои загадувачи во Европа значително се намалила во последните неколку десетлетија, се поголемиот број на дизел мотори во возилата и раширеното користење на огревно дрво како поевтина алтрнатива на плинот, значи дека користењето на другите видови загадувачи пополека се намалува.
Европските законодавци би требало да предложат зголемување на лимитот во ЕУ на микроскопските честички на загадување, познати како лебдечки честички и други загадувачи, а законските предлози би можеле да се изработат пред крајот на идната година.
Во последното десетлетие, строгите европски регулативи за електраните и другите извори на загадување доведоа до 50 постотно намалување на емисиите на сулфур диоксид кој предизвикува кисел дожд, додека емисијата на јаглерод моноксид се намалила за една третина.
Cе проценува дека во 2000 година, во Европа, резултатот од озонското загадување бил губитокот на родот на житарици од 27 милиони тони.
Слично
