Грците работат најмногу во ЕУ?
Грците во просек работат најмногу во цела Европска унија, покажа истражувањето на Евростат, објавено во пресрет на Денот на трудот. По нив следуваат Бугарите, Полјаците, Чесите и Словаците.
Во овие земји, работниците работат повеќе од 40 часа неделно, покажало истражувањето на Евростат. Најмалку, пак, работат Холанѓаните - само 30 часа во текот на неделата. На дното на листата се и скандинавските земји, но и дисциплинираните Германци и Австријци.
Останатите земји во ЕУ се некаде меѓу овие два екстрема. Заклучокот на истражувањето е дека во развиените европски земји се работи - помалку.
Слично
