Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција ќе го обнови родилиштето во Мариупол, Мицотакис објави зошто ќе го направат тоа

Грција ќе го обнови родилиштето во Мариупол, Мицотакис објави зошто ќе го направат тоа

Грција ќе го обнови бомбардираното родилиште во украинскиот град  Мариупол. 

Ова го соопшти грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.  Мицотакис на Твитер напиша дека Грција е подготвена да ја обнови болницата што е во градот- центар на грчко малцинство во Украина и „симбол на варварството на војната“.

„Грчката Влада ќе ја преземе обновата на породилната болница во Мариупол што беше бомбардирана пред неколку дена, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава по квадрилатералната средба со премиерите на Итаија, Шпанија  и Португалија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако Русија тврди дека не напаѓа цивилни цели, сепак се покажа спротивното. 

Меѓу загинатите има и деца. Досега 109 деца загинале во градот Лавов. 

Во Мариупол цел на Русите беше и театарот каде се криеле цивили. 

Слично

Поврзани вести