Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција има план во пет точки за примирје во Израел

Грција има план во пет точки за примирје во Израел

Јужниот сосед предложи план во пет точки за примирје во Израел. 

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и на Советот за соработка на арапските земји во Персискиот Залив објави план од пет точки за справување со кризата на Блискиот Исток, пренесува националната грчка телевизија ЕРТ.

„Ова е напад (на Хамас против Израел) што ги прекршува сите правила на меѓународното право и бара итна и активна интервенција на меѓународниот правен поредок“, рече Герапетритис во изјавата по настанот.

Министерот кажа дека лично се сретнал со претставници на сите земји од Персискиот Залив и одржал долги телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Египет и Јордан. Вели дека Грција предложила план од пет точки за „намалување на тензиите и прекинување на магичниот круг на насилство“.

„Повикавме на итен прекин на непријателствата, особено против цивилното население, за итно враќање на сите киднапирани и заложници, за итно отворање на хуманитарните канали за да се осигури дека сите имаат пристап до здравствените услуги и за едногласна осуда на сите форми на тероризам од страна на Европската Унија и земјите од Персискиот Залив“, објасни шефот на грчката дипломатија.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави дека ескалацијата на ситуацијата меѓу Израел и Палестинците е многу опасна и може да влијае на безбедноста и стабилноста на целиот регион на Блискиот Исток. Воени судири има од саботата, а веќе има над 1.000 загинати. 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е веројатно оти Хамас имал помош во операцијата против Израел, истовремено нагласувајќи дека нема формален доказ за директна иранска вмешаност.

Слично

Поврзани вести