Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки компании отпуштаат работници и намалуваат плати

Грчки компании отпуштаат работници и намалуваат плати
Половина од грчките компании годинава ги намалиле платите и отпуштиле работници, наспроти 9,1 отсто од мултинационалните компании во Грција кои само ги намалиле платите и 17,9 отсто кои го намалиле бројот на вработени.

Ова се резултати од истражување на „Аон Хјуит“ кое е спроведено од април до јули годинава во 165 компании.

Во истражувањето биле вклучени најпродуктивните економски сектори и утврдено е дека само 26,5 проценти од компаниите ги зголемиле платите. Тоа биле главно фирми што се занимаваат со висока технологија и фармација.

Во другите фирми, платите во просек биле намалени за 11,8 отсто.

Слично

Поврзани вести