Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчка делегација во Москва ќе лови руски инвеститори

Грчка делегација во Москва ќе лови руски инвеститори
Грчка делегација престојува во Москва на разговори со претставници на руската влада, на кои ќе се бараат можности за привлекување руски инвестиции и ќе биде подготвена претстојната посета на грчкиот премиер Андонис Самарас на Русија, пренесуваат грчките медиуми. Според весникот „Етнос“ делегацијата е составена од заменик министерот за аграрен развој и храна Максимос Харакопулос, заменик министерот во кабинетот на премиерот и владин портпарол Симос Кедикоглу и главниот секретар на Министерството за развој Серафим Цокас. Во рамки на посетата тие ќе имаат средби со руски колеги, а исто така и со советници и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Според дипломатски извори, иницијативата е во рамки на планот на грчката влада за привлекување инвестиции и има за цел да ја подготви планираната претстојна посета на грчкиот премиер Андонис Самарас на Москва. Грчките гости ќе имаат средба и со претставници на Трговско-индустриската комора на Руската федерација, на која ќе се бараат инвестициски проекти и можности за проширување на трговските и економските односи меѓу двете земји  
Слично

Поврзани вести