Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАТИС ТЕСТИРАЊЕ: Ќе бидат опфатени 13 милиони жители

ГРАТИС ТЕСТИРАЊЕ: Ќе бидат опфатени 13 милиони жители

Германската покраина Баварија планира да ги тестира на коронавирус сите 13 милиони жители. 

Без разлика дали луѓето имаат симптоми или не, сепак ќе бидат тестирани. 

Деновиве ќе има детален план за акцијата. 

Особено под лупа се погоните за преработка на месо, објавува Дојче веле.

Министерката за здравство најави офанзивно на тестирање, кое треба да ги извршат лекари по општа медицина. Најмногу внимание ќе им се посвети на штитениците на домовите за стари и изнемоштени лица или пациентите кои се хоспитализирани, потоа луѓето кои работат на чувствителни и фреквентни места, како наставниците, воспитувачите. 

Сите трошоци ќе ги преземе покраината, доколку здравствените осигурувања не ги покријат трошоците за тестирањето.

Министерот за здравство Јенс Шпан ја критикуваше Баварија за најавата дека ќе биде првата германска покраина која ќе ги тестира сите жители. Тој ова го нарече за „лажно прикажување на безбедноста“.

194,900 регистрирани случаи на коронавирус има во Германија, а починаа над 9.000. 

Слично

Поврзани вести