Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ХОТЕЛИ: Италијанците во потрага по туристи

ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ХОТЕЛИ: Италијанците во потрага по туристи

За да привлечат гости, Италијанците нудат бесплатно сместување. 

53 хотели во Италија нудат бесплатно ноќевање.

Туристите кои ќе резервираат четири ноќи во еден од овие хотели во Палермо, а до таму пристигнат со авион ќе платат само три, а едното ноќевање ќе биде гратис. 

Оваа мерка е со цел промоција на туризмот.  Сѐ повеќе хотели се заинтересирани за иницијативата на локалното Здружение на хотелиери. На иницијативата се приклучи и аеродромот во Палермо и ќе трае во текот на целата 2020 година.

Италија од 3 овој месец по скоро три месеци блокада ги отвори границите за пристигнување на туристи од земјите на ЕУ и Шенген, а Европската унија ќе може да ги отвори надворешните граници за државите од Западен Балкан на почетокот на јули. 

Сите земји кои живеат во туризам, се трудат да ги ублажат последиците од пандемијата. 

И Јапонија покрива дел од трошоците на туристите. 

Слично

Поврзани вести