Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гратчиња во Калабрија нудат по 33.000 евра да се преселите и почнете бизнис кај нив

Гратчиња во Калабрија нудат по 33.000 евра да се преселите и почнете бизнис кај нив

Maли гратчиња во Италија нудат по 33.000 долари за оној што сака да се пресели таму. 

Toa се гратчиња и селца кои се наоѓаат во областа Калабрија. Значи, ако сте под 40 години и сакате да се преселите во гратче со помалку од 2.000 жители некаде во јужниот регион Калабрија, постојат неколку услови што треба да ги исполните за да добиете помош. 

Освен преселувањето, новите жители ќе мора да се согласат да започнат мал бизнис или да ја пополнат претходната улога во една од специфичните професии што им се потребни на градот. Мора да се преселите во Калабрија во рок од 90 дена од одобрувањето на вашата апликација. Парите ќе бидат доставени или преку месечни рати, во период од две до три години, или во еден паушал за поддршка за започнување нов бизнис. Има добар интерес засега, а целта е овие места да не изумрат. 

Слично

Поврзани вести