Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАНАТИРАНА НУКЕЛАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЗАПОРОЖЈЕ - Русите тврдат дека гранатите се украински

ГРАНАТИРАНА НУКЕЛАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЗАПОРОЖЈЕ - Русите тврдат дека гранатите се украински

Украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, денеска била гранатирана, јави руската државна новинска агенција Тас.

Се додава дека гранатите биле испукани од Украина и паднале во близина на сув магацин и оти не се откриени радиоактивни емисии.

Ренат Карча, советник во рускиот оператор за нуклеарна енергија Росенергоатом, изјави дека 15 гранати биле испукани врз објектите на централата. 

Претходно естонската Влада најави дека испраќа 27 автобуси за Киев, додека приватни донатори собрале средства за да купат 13 генератори за струја за земјата разурната од војна.

Автобусите треба да бидат испорачани во текот на ноември и декември, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин. Тоа следи по претходна испорака на 17 користени автобуси.

- За да му се помогне на украинското општество да функционира што е можно похумано паралелно со војната, Украина мора да биде поддржана не само воено и политички, туку и со хуманитарна помош - рече естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.

Автобусите ќе им помогнат на луѓето во Украина во нивниот секојдневен живот, додаде тој. Во наредните денови генераторите треба да бидат испратени во училишта и детски институции кои работат во засолништа за итни случаи, изјави претставник на непрофитната организација, пренесуваат естонските медиуми.

Слично

Поврзани вести