Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гранатирана болница во Газа, најмалку четворица загинати

Гранатирана болница во Газа, најмалку четворица загинати
Израелски тенковски гранати попладнево погодиле болница во централниот дел на Газа, убивајќи 4 и повредувајќи уште најмалку 60 лица, соопшти портпаролот на палестинските итни служби Ашраф ал Кидра. Тој прецизираше дека 12 гранати ја погодиле болницата Ал Акса во градот Дир ел Балах, паднале на административната зграда, одделот за интензивна нега и хируршкото одделение. Половина од повредените се вработени во болницата, а лекарите апелираа за помош до Црвениот крст. Израелската армија соопшти дека уште го проверува овој извештај. Советот за безбедност на Обединетите нации побара итно примирје меѓу израелските безбедносни сили и палестинското движење Хамас, откако во најновите судири загинаа вкупно над 500 луѓе. Но, овој повик засега не го регистрираат завојуваните страни. Апел за завршување на судирите на Блискиот Исток денеска упати и американскиот претседател Барак Обама, кој повторно изрази загриженост за многубројните цивилни жртви во Газа. Иако потенцира дека „Израел има право да се брани од ракетите кои Хамас ги упатува кон израелска територија“, Обама сепак оценува дека израелската воена акција во Газа веќе нанела „значителна штета“ на терористичката инфраструктура на Хамас и оти тој не сака да види уште цивилни жртви. „Сериозно сме загрижени од растечкиот број загинати палестински цивили и загубите на израелски животи. Затоа нашиот фокус и фокусот на меѓународната заедница треба да биде воспоставување на прекин на огнот, кој единствено може да ја спречи смртта на невините цивили“, рече Обама.
Слично

Поврзани вести