Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАНАТИ ПОГОДИЈА КИНО И КАФУЛЕ: Пет жртви и 12 ранети во Доњецк

ГРАНАТИ ПОГОДИЈА КИНО И КАФУЛЕ: Пет жртви и 12 ранети во Доњецк

Проруските сепаратисти велат дека пет цивили загинаа, а 12 се ранети вчера во украинското гранатирање на Доњецк. Погодени се кино и кафуле. Повеќе од 200 артилериски гранати од 155 милиметри паднале над Доњецк.

Доњецк е де факто главен град на самопрогласената република Доњецк во рударскиот басен Донбас во источна Украина. Областа, која е делумно контролирана од проруските сепаратисти од 2014 година, е место каде има силни борби меѓу украинските сили и руските сили.  Денеска е 116-ти ден од почетокот на руската инвазија на Украина. 

foto EPA/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести