Граната во источна Украина уби единаесет цивили
Советот за безбедност на Обединетите Нации остро го осуди вчерашниот ракетен напад врз автобус на истокот во Украина, во кој загинаа единаесет цивили, а повредени биле 20.
Во едногласно соопштение 15 членки на СБ на ОН, вклучително и Русија, советот повикал на спроведување истрага со што одговорните лица за обој напад би биле санкционирани и исведени пред лицето на правдата, пренесува агенцијата „АФП“.
„Советот „најостро го осудува убиството на 11 и ранувањето на 20 цивили во ракетен напад врз патнички автобус во градот Волновах во Донецката област“, се наведува во соопштението.
Портпаролот на локалните власти изјавил дека автобусот пренесувал цивили од пристаништето во Мариупол и дека во моментот на нападот тие поминувале покрај воена контролна точка.
Слично
