Граѓаните на ЕУ нема да бидат депортирани од Британија по Брегзит?
Сите граѓани на Европската унија (ЕУ) може да останат на територијата на Велика Британија по Брегзит , пишува весникот Daily Mail, повикувајќи се на извештај од „Хоум офисот“.
Пресметките покажуваат дека пет од шест имигранти во земјата нема да може да бидат депортирани. Над 80% од околу 3,6 милиони европски граѓани кои живеат во Велика Британија, ќе добијат постојани права за државјанство, кога земјата ќе ја напушти ЕУ.
Премиерката Тереза Меј одби да ги гарантира правата на граѓаните на ЕУ кои живеат на Островот, велејќи дека владата не треба да ги открива плановите пред преговорите кои ќе започнат догодина.Друг извор ја потврдува информацијата, но додава дека е важно да бидат постигнати реципрочни договори со ЕУ, кои ќе ги овозможат на Британците во странство истите права.
Граѓаните на ЕУ добиват право на постојан престој, кога живееле над пет години во Велика Британија.
Слично
