Граѓанин зграпчи за врат и повреди политичар во Франција
Граѓанин нападна француски политичар.
Човек го нападна претседателскиот кандидат на крајната десница Ерик Земур при неговиот прв предизборен митинг во Франција. Додека 63-годишникот се движел низ толпата кон бината, маж накратко го фатил за врат пред да интервенираат од обезбедувањето. На Земур му е повреден зглобот и лекарите му препишале девет дена одмор. Поранешниот новинар е познат по своите контроверзни ставови за мигрантите и Втората светска војна. Инцидентот во кој е нападнат Земур е еден од неколкуте насилни судири за време на настанот, одржан во неделата вечерта во конгресниот центар североисточно од Париз. Полицијата брзо го уапсила напаѓачот, а портпаролот на партијата на Земур за весникот Фигаро изјавил дека планираат да поднесат правна жалба.
