Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓанин го пријавил Орбан во полиција поради видео од автомобил, пријавата отфрлена

Граѓанин го пријавил Орбан во полиција поради видео од автомобил, пријавата отфрлена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан бил пријавен во полиција откако на социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како вози автомобил и во еден момент ги трга рацете од воланот.

Снимката, објавена неколку дена пред изборите одржани на 12 април, го прикажува Орбан како патува од дома до работа, пеејќи во автомобилот. Во еден момент тој ги крева очилата за сонце и показалецот, а потоа продолжува да вози додека во позадина се слуша предизборна песна.


Според унгарскиот весник „Блик“, пријавата ја поднел граѓанин кој сметал дека со ваквото однесување премиерот ги прекршил сообраќајните правила.

Полицијата во Будимпешта потврдила дека пријавата била поднесена, но постапката завршила без санкција. Во нивниот одговор се наведува дека пријавата била отфрлена на 15 април 2026 година, бидејќи пријавеното дело не претставува прекршок.

Случајот предизвика реакции во јавноста, особено затоа што видеото беше објавено во чувствителен предизборен период.

Слично

Поврзани вести