Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓанин го прашал Путин зошто немаат пат, тој возвратил: „А зошто возите?“

Граѓанин го прашал Путин зошто немаат пат, тој возвратил: „А зошто возите?“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска одговара на два милиони прашања од граѓаните на повеќечасовна телевизиска емисија во живо. Оваа традиционална практика на Путин годинава е особено интересна заради случувањата во Украина и новата напнатост во односите меѓу Русија и западните земји. Но, сите граѓани не се толку заинтересирани за високата политика. Ги мачат и секојдневни проблеми за кои бараат одговор од првиот човек на својата држава. Така, во едно периферно руско место со само 40-тина куќи жителите се собрале за да му постават прашања на Путин. Со оглед на тоа што се работи за место кое неодамна било поплавено, а државата на жителите им подигнала нови куќи, тие добиле можност прашањата да ги упатат преку видео врска во живо на телевизија. Еден од нив, шофер кој често своите сограѓани ги носи до поголемите места за секојдневните потреби, упатил едноставно прашање: „Господине претседателе, јас сум возач, а тука немаме патишта. Кога нашето место ќе биде патно поврзано со градот?“ „А зошто возите ако немате патишта?“, одговорил Путин со контрапрашање. „Господине Путин, мене ова Ваше прашање ми личи на провокација“, рекол збунетиот човек. „Не е провокација. Само прашувам“, возвратил Путин, кој сепак на крајот опширно одговорил на прашањето на овој Русин, наведувајќи дека му е јасно дека на жителите на тоа место им е неопходен пат до градот. Водителот, пак, го запрашал Путин кога на јавноста ќе и ја претстави својата нова сопруга. „Почекајте прво да се погрижам за својата поранешна сопруга, таа да најде некој. После ќе се грижам за мене“, одговорил во свој стил рускиот претседател. Минатата година Путин пет часа одговараше на прашањата од сонародниците.
Слично

Поврзани вести